logo
logo
logo

Цел свет и се смеел: Хирург ми го уништи лицето!

Vecer | 26.03.2021

Цел свет и се смеел: Хирург ми го уништи лицето!

Актерката од Индија, Пријанка Чопра (38), на Инстаграм објавила уште една фотографија од раната младост на која не личи на денешната верзија од себе.

Во периодот кога настанала фотографијата, Пријанка била манекенка во подем, а минатиот месец зборувала за своите мемоари „Unfinished“, каде зборува и за тоа како поминала низ агонија поради малтретирањето на кое била изложена после неуспешната операција на носот.

Како што вели актерката, тогаш ѝ го дале прекарот 'пластичната Чопра'. Пријанка во своите мемоари признала дека имала корекција на носот. Пишува дека причината за тоа е полипектомија, меѓутоа, операцијата не поминала како што треба, поради што, како што вели, станала мета на потсмев низ цела Индија.

„Полипектомија ми звучеше како рутинска процедура. За жал, во мојот случај, се покажа дека не е така, бидејќи хирургот случајно ми отстрани дел од носот, поради цел нос ми се 'сруши'. Бев преплашена, ужасната. Тоа повеќе не бев јас. Целата таа приказна околу носот и бојата на кожата ме натера да се чувствувам помалку вредно, несигурно за мојата иднина. Сепак, сега знам дека мојата сила е во мојата различност. Ако поседувам класична убавина, би била како сите други убавици, а не би била јас“, пишува Пријанка.

Индиската актерка и манекенка денес е филмска ѕвезда, а пред да зачекори во светот на глумата, беше крунисана како мис на светот. Тогаш имала само 18 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk