logo
logo
logo

И било потребно доста време линијата да ја доведе во ред: Пејачката Илма Карахмет успеала да ослабе 20 кг

Vecer | 22.11.2021

И било потребно доста време линијата да ја доведе во ред: Пејачката Илма Карахмет успеала да ослабе 20 кг

Пошироката јавност ја знае како девојче, а денес таа пораснала во пејачка која поради талентот и пејачкиот капацитет сите ја фалат, а малкумина знаат кој проблем ја мачел.

Пејачката Илма Карахмет прв пат на домашната јавна сцена се појави во музичкиот натпревар Х Фактор Адрија со изведба на песната “Има еден свет“.

Во тоа натпреварува стигна до финалето, за подоцна да се појави на едно друго музичко натпреварување – 2018 каде што и тогаш победи.

Меѓутоа, она што пејачката во последно време најмногу ја мачело биле нејзините килограми. Како што и самата рекла “скинала“ дури 20 килограми.

- Ми требаше баш доста време, да бев на некоја стрикна диета можеби ќе беше побрзо – рекла Илма во емисијар “Гранд њус“ и додала:

- Јас сакам да уживам во животот, несакам да се оптоварувам со некои работи, музиката е нешто најубаво кое го работам, така што тоа го ставив на прво место...

Инаку малкумина знаат дека Илма Карахмет требала да ја отпее нумерата “Полноќ“ од филмот “Тома“

- Жељко Јоксимовиќ сакаше јас да го позајман гласот на Силвана Арменулиќ, што многу ми значи, но бев многу болна – раскажала пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ILMA KARAHMET (@ilmakarahmet)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk