logo
logo
logo

ХАРИ И МЕГАН НЕМА ДА ЈА КРСТАТ ЌЕРКАТА ПО ДАЈАНА?! Еве зошто мислат дека така е најдобро

Vecer | 11.03.2021

ХАРИ И МЕГАН НЕМА ДА ЈА КРСТАТ ЌЕРКАТА ПО ДАЈАНА?! Еве зошто мислат дека така е најдобро

Хари и Меган во интервуто со Опра рекле дека очекуваат девојче. Фановите ширум светот порачале на социјалните мрежи да го погодуваат името кое би можела да го добие, а најмногу од нив “навивале“ тоа да биде Дајана, принцеза од Велс и мајката на Хари.

“Крстете ја по името Дајана“, “Мини Дајана за Меган и Хари“ се само некои од коментарите

Меѓутоа, наводно е доста извесно дека парот нема така до го викаат бебето кое го очекуваат ова лето, наведува американски портал.

- Тешко дека својата ќерка ќе ја крдстат Дајана. Нивна најголема грижа е дека тоа ќе предизвика голема бура во медиумите и доста зголемен интерес за животот на детето. Што и да помисли некој, Хари и Меган ја ценат својата приватност и сакаат да ги заштитат своите деца од интензивен медиумски притисок кои го чуствуваат – рекол извор за американски портал.

- Исто така се плашат дека името би било преголем притисок на детете и би му отежнувало во се, од запишување во школо до патувања. Сакаат таа самата да го најде патот во својот живот – навел соговорникот.

- Би можеле да размислат за средно име Дајана, но принцезата Шарлота веќе го има тоа средно име, а Хари и Меган не сакале кога во медиумите и во палатата ги споредуваат со Вилијам и Кејт – заклучил изворот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk