logo
logo
logo

Гвинет Палтроу му шепна четири збора на човекот кој ја даде на суд, па стана хит (ВИДЕО)

Vecer | 31.03.2023

Гвинет Палтроу му шепна четири збора на човекот кој ја даде на суд, па стана хит (ВИДЕО)

При излегувањето од судницата, актерката го допре Тери Сандерсон по рамото и му шепна нешто.

Тој подоцна им кажа на новинарите дека таа му рекла „Ти посакувам сѐ најдобро“. Таа реченица на Гвинет Палтроу за само неколку часа по завршувањето на судењето стана вирален хит, а многу корисници на социјалните мрежи почнаа да се потсмеваат и да прават мемиња.

„Од сега па натаму, на сите им пишувам во мејловите: „Ви посакувам сѐ најдобро““, „Кога бела жена ќе ви каже дека „ви посакува добро“, тоа значи дека сака да ве пука директно со ракета во сонцето“, „Треба да се нормализира да им кажеме на сите што ни згрешиле: „Ви посакувам сѐ најдобро“, се само дел од коментарите на Твитер.

За потсетување, Тери Сандерсон, пензиониран лекар, доживеал потрес на мозокот и четири скршени ребра во инцидент што се случил во 2016 година. Тој рече дека имал трауматска повреда на мозокот и побарал повеќе од 300.000 долари отштета од Палтроу во граѓанска тужба.

Тој исто така рече дека жената, за која подоцна дознал дека е Палтроу, скијала надвор од контрола кога налетала на неговиот грб. Пријател на Сандерсон сведочеше дека видел како Палтроу удира во поранешниот доктор. Палтроу, пак, изјавила дека таа не ја предизвикала несреќата и дека Сандерсон ја удрил одзади.

Поротниците го разгледувале случајот два часа откако ги слушнале доказите. Тие застанаа на страната на Гвинет Палтроу со пресудата дека Сандерсон е виновен. Актерката по пресудата изјавила дека е задоволна од исходот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk