Гвинет Палтроу го опиша својот режим на исхрана, сите ја сожалија: Па ти се изгладнуваш (ВИДЕО)

50-годишната актерка беше гостинка во подкастот на Вил Кол претходно оваа недела. Таа допрела повеќе теми, но најмногу реакции предизвикале ставовите поврзани со исхраната.
Како дел од едночасовниот подкаст, Гвинет била прашана како изгледа нејзината велнес рутина. Нејзиниот одговор бил претворен во клип од 40 секунди, кој стана вирален на социјалните мрежи.
„Ние вечераме рано. Постојано постам. Обично јадам нешто околу 12, а наутро консумирам само она што нема да ми го зголеми шеќерот во крвта, па само пијам кафе. Но, многу сакам супа за ручек. Повеќето денови имам супа од коски за ручек. Потоа пробувам да се движам и потоа пешачам, правам пилатес или вежбам со мојата Трејси Андерсон (тренерката). Потоа правам суво четкање и одам во инфрацрвена сауна 30 минути. За вечера јадам палео диета – многу зеленчук. Навистина ми е важно да ја поддржам мојата детоксикација.“
@dearmedia #gwynethpaltrow shares her daily wellness routine on The Art Of Being Well, listen now 🎧 #wellnessroutine #healthandwellness #healthylifestyle #routines #goop #podcastclips ♬ Aesthetic – Tollan Kim
По зборовите на актерката, многумина почнаа да се сомневаат во нејзината дефиниција за добро здравје.
„Ова ми звучи како спротивно на велнес“, „Од што е детоксикација?“, „Тоа не е здравје. Тоа е глад“, „Звучи како подготовка за колоноскопија“, се некои од многуте коментари.