logo
logo
logo

Гореа факли, се вееја знамиња за „А бре Македонче“ на Балкан бенд!

Vecer | 23.06.2022

Гореа факли, се вееја знамиња за „А бре Македонче“ на Балкан бенд!

Момците од „Балкан бенд“ на јавноста и го претставија стар0-новото музичко парче на кое работеле, како што кажаа, неколку години. Станува збор за нивната верзија на песната „А бре Македонче“, која доби и моќна видео приказна работена со талентираниот Даниел Јовески.

Во улога на домаќин на промоцијата на која „вриеше“ од познати фаци - колеги на момците, и забавњаци и народњаци, роднини, пријатели, новинари... се појави Игор Џамбазов, а најемотивниот момент на вечерта беше кога момците ја отпеаја песната „акапела“, а на кровот од објектот со факли во рацете излегоа членовите на навивачката група Комити.

„Ова е најскапиот музички проект кој се случил во Македонија во изминатите 10 години. Ова што го гледате и слушате вечерва како финален производ, го подготвувавме од 2018-та година и сме пресреќни што конечно можеме да го споделиме со вас.  Горди сме што ѝ оставаме еден траен белег на Македонија“, рекоа момците од „Балкан бенд.

Слушнете ја верзијата на Балкан бенд, па проценете сами во напливот на преработки на стари македонски песни и трендот на оживување песни, чија порака е најмоќна, чиј проект е најуспешен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk