logo
logo
logo

ГОЛЕМО ВРАЌАЊЕ на Драган БЈЕЛОГРЛИЌ, Белградско драмско позориште ГОСТУВА во МНТ

Vecer | 27.09.2022

ГОЛЕМО ВРАЌАЊЕ на Драган БЈЕЛОГРЛИЌ, Белградско драмско позориште ГОСТУВА во МНТ

На сцената на Македонскиот народен театар на 4 и 5 октомври ќе гостува Белградско драмско позориште со претставата „Лет над кукавичкото гнездо“. Претставата е работена по текстот на Кен Кеси/Дејл Васерман, во режија на Жанко Томиќ.

Оваа претстава  значи големото враќање на актерот Драган Бјелогрлиќ на сцената на Белградско драмско позориште во легендарната црнохуморна сатира за судирот на поединецот со репресивниот систем, институциите за ментално здравје и слободата на духот.

Покрај Бјелогрлиќ во главната улога на Редни П. Мекмарфи, настапуваат актерите: Слободан Бода Нинковиќ, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Мима Караџиќ, Младен Совиљ, Срѓан Дедиќ/Јово Максиќ, Саво Радовиќ/Милош Петровиќ Тројпец, Ненад Гвозденовиќ, Милица Зариќ, Јана Милосављевиќ, Владан Милиќ, Милош Лазаров/Урош Јанковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша-Костиќ/Ања Алач, Нада Мацановиќ/Маја Ранѓиќ.

Сценографијата за претставата е на Зоран Ристиќ, костимограф е Јелисавета Татиќ-Чутурило, музика компонираше Александар Симиќ, за сценските борби беше задолжен Александар Тасковиќ, а специјалните ефекти се на Томислав Маги.

Драмата „ Лет над кукавичкото гнездо“, е напишана во 1962 година, a првата изведба е во 1963 година на Бродвеј, со Кирк Даглас во главната улога.

Премиерната изведба на претставата на БДП беше на 5 ноември 2005 година на големата сцена „Оливера и Раде Марковиќ“. Времетраењето на претставата е 140 минути со пауза.

Признат од критиката како еден од најдобрите филмови во историјатот на кинематографијата, „Лет над кукавичкото гнездо“ (1975) на Милош Форман го освои Оскарот за најдобра режија, најдобар филм, за главна машка улога на Џек Николсон за ликот на Ренди П. Мекмарфи и за женска улога, на Луиз Флечер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk