logo
logo
logo

Годишнина од смртта на Аки Рахимовски- пријателите од детството му однесоа македонско пиво

Vecer | 22.01.2025

Годишнина од смртта на Аки Рахимовски- пријателите од детството му однесоа македонско пиво

По тој повод неговиот гроб во Алејата во загрепски Мирогој го посетија другарите од детството на пејачот, Здравко Ситновски - Ситна и Александар Стојановски – Црногорац, објави Индекс.

Тие секоја година го посетуваат гробот на Аки за да го одбележат нивното пријателство и на неговиот гроб оставаат шише скопско пиво.

Гробот на Аки денеска е исполнет со цвеќиња и свеќи, а обожавателите му оставија и трогателни пораки.

„Пусти без тебе, улиците празни, семафорите молчат“, пишува на еден од буетите. Некој му оставил и фигури на ангели.

За потсетување, фронтменот на Парни ваљак кога почина имаше 66 години. Неговото вистинско име беше Александар, кое ретко кој го знаеше. Две години пред смртта доби трето дете - ќерката Антонија со 27 години помладата Словенка Барбара Весел.

Многу малку се знаеше општо за приватниот живот на Аки. Бил женет двапати, а од првиот брак го има синот Кристијан, исто така познат музичар. Вториот брак, со мистериозната Ингрид, траел четириесет години, а до пред неколку години се пишуваше дека се среќни заедно. Заедно ја имаат ќерката Едина. Тој и Ингрид не се појавувале често во јавноста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk