logo
logo
logo

Гитарска магија на Влатко Стефановски

Vecer | 04.06.2021

Гитарска магија на Влатко Стефановски

Легендарниот гитарист Влатко Стефановски ја израдува публиката во Големата сала во Младинскиот дом со концерт кој го одржал третата вечер на „Gitar art festivala”.

Македонскиот виртуоз на сцената како гостин се приклучил на Вукашин Марковиќ кој ги извел популарните гитаристички нумери со посебен аранжман.

Стефановски почнал да свири на тринаесет години. Ја основал групата “Леб и сол“ која стана и стана и остана од најпопуларните групи на сцена во екс Југославија, со тринаесет издадени албуми. Стефаносвки уште тогаш стекнал статус на култен музичар и станал познат ширум светот.

Влатко е препознатлив по мешавина на музички стилови, македонски традиционални ритми и современ рок.

Во својата богата кариера сораборувал со големи светски и домашни музичари.

Од 1998 година соработува со Мирослав Тадиќ, а на публиката „Gitar art festivala” каде што е редовен учесник е познат по големиот гитариски проект „Kings of strings.”

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk