Гитарата, на која Гилмор свирел на албумите на „Пинк Флојд“ „The Dark Side Of The Moon“, „Wish You Were Here“, „Animals“ и „The Wall“ - каде што блесна во познатото соло за песната „Comfortably Numb“ - е продадена како дел од аукцијата на гитари што му припаѓале на покојниот Џим Ерси, поранешен сопственик на НФЛ тимот Индијанаполис Колтс, кој почина минатата година, објави Лаудерсаунд.
Црниот Стратокастер претходно е продаден за 3.975.000 долари на друга аукција на „Кристи“ во 2022 година, за време на продажбата на 127 предмети од личната колекција на Гилмор за собирање пари за ClientEarth, група адвокати и екологисти кои се борат против климатските промени за зачувување на природата и животната средина.
Дел од приходите од оваа најнова продажба, која далеку ја надмина претходната рекордна цена платена за гитара - 6 милиони долари за подеднакво иконската акустична гитара Martin D-18E од 1959 година, на која свиреше Курт Кобејн за време на настапот на „MTV Unplugged“ на „Нирвана“ - ќе биде донирана во добротворни цели.
Други гитари од колекцијата на Ерси ја вклучуваат и гитарата на Даг Ирвин, на која свиреше Џери Гарсија за време на неговиот последен настап со „Грејтфул дед“, која исто така ја надмина цената платена за „Мартин“ на Кобејн, продадена за 11,5 милиони долари.
Guitar World, кои известуваа во живо од аукцијата, известуваат дека другите продадени гитари вклучуваат Rickenbacker од 1964 година во сопственост на Џон Ленон (1,27 милиони долари), Gibson SG од 1964 година што ја користел Џорџ Харисон (2,27 милиони долари), уникатен Vox направен за Битлси во 1966 година (600.000 долари), Gibson SG „The Fool“ на Ерик Клептон (3 милиони долари), Fender Mustang што го свиреше Курт Кобејн во видеото „Smells Like Teen Spirit“ (6 милиони долари) и акустичната гитара Martin 000-42 што ја користеше Ерик Клептон на неговиот албум „MTV Unplugged“ (4,1 милион долари).
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата