logo
logo
logo

Георгина Родригез ги налути фановите!!

Vecer | 29.10.2024

Георгина Родригез ги налути фановите!!

Атрактивната Георгина Родригез, свршеницата на еден од најдобрите и најбогати светски фудбалери во историјата, Португалецот Кристијано Роналдо се опишува себеси како скромна девојка која се пробила до врвот благодарение на напорната работа и посветеноста.

Ваквиот став не го делат нејзините сонародници и фанови кои сметаат дека таа  е позната и богата само поради  финансиската помош од Кристијано Роналдо.

Сакајќи да покаже како е „обична девојка од народот“, Георгина почна да снима документарен филм наречен „Јас сум Георгина“.

Меѓутоа, наместо да ги менува ставовите на луѓето, таа само покажа дека има толку многу пари што не знае што да прави со нив и дека ги троши на скап накит и часовници со кои се мафта.

Една од нејзините последни објави е како стои со Кристијано Роналдо во ходникот од нивната вила во Мадрид. Облечена во тексас шорц и гол топ, со скап накит и уште поскапа чанта, Георгина задоволно се насмевна. Коментарите под оваа објава беа повеќе од огорчени. Луѓето и пишувале: „Можеби си заминал од селото, но селото не те оставило“; „Двојката со многу пари и без стил...“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk