Новата сопруга на славниот фудбалер е 14 години помладата манекенка и модел Селина Локс.
Свечената свадбена церемонија се одржала на Ибица, а младенците веднаш ја објавија радосната вест на социјалните мрежи.

- Ги собираме нашите семејства и најблиските пријатели на црковна венчавка, со која започнуваме една недела на празнување - напишала Селина во описот на фотографијата.

Роналдо и убавата Селина се запознале во 2015 година и оттогаш се во врска.

Во јануари годинава, парот се сврши додека беше на одмор во Доминиканската Република, па венчавката беше очекувана.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата