logo
logo
logo

Фото: Тешка сообраќајка на српскиот пејач Дарко Лазиќ, пожарникари го извлекувале од автомобилот

Vecer | 25.09.2025

Фото: Тешка сообраќајка на српскиот пејач Дарко Лазиќ, пожарникари го извлекувале од автомобилот

Пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина Лазиќ доживеале тешка сообраќајна несреќа во близина на Белградската арена.

Дарко удрил во автобусот, а потоа од силината на ударот се забил и во заштитната ограда на патот.

 Една од гумите на неговиот автомобил летнала дури 70 метри, дознава Telegraf.rs.

Пожарникарите веднаш пристигнале на местото на несреќата и ги извлекле пејачот и неговата сопруга од смачканиот автомобил, додека амбулантно возило ги транспортирало двајцата.

Како што дознава Telegraf, откако бил извлечен од автомобилот, пејачот станал и се пожалил на главоболка.

За време на несреќата Дарко го возел автомобилот БМВ, а Катарина била на совозачкото седиште.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk