Постарата ќерка на мегапопуларниот пејач, убавата Уна нормално го привлекува вниманието на социјалните мрежи со свои модни изданија, а неодамна објави и фотографија, на која во преден план е пита во рерна која таа ја подготвува.
- Колку мислиш дека ти пречи што многу се пишува за твоите деца? Уна е многу интересна за медиумите? – го праша Чолиќ новинарот на една српска телевизија.

- Не им можам ништо. Таму ставаат разни слики - одговори Здравко.
Новинарот потоа забележала дека Уна се пофалила дека одлично и е во кујната, објавувајќи слика од пита од рерната.
- Ја видов. Не сум баш сигурен, но добро. Во секој случај може да помогне - низ насмевка изјавил мегапопуларниот Чолиќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата