logo
logo
logo

Фото: Со серија фотки Дејвид и Викторија Бекам ја слават 27-годишнината од бракот

Vecer | 06.07.2026

Фото: Со серија фотки Дејвид и Викторија Бекам ја слават 27-годишнината од бракот

И покрај сите проблеми и минати афери, Дејвид и Викторија Бекам ја слават својата 27-годишнина од бракот, иако никој можеби не го очекувал тоа порано. Многумина сè уште се сеќаваат на познатата афера со Ребека Лос, но Викторија не дозволи ништо да им го наруши бракот и мирот.

Викторија призна дека тој период бил најтежок во нејзиниот живот, но тие успеале да ја надминат својата најголема криза.

Последната работа што ги погодила бил конфликтот со нивниот син Бруклин, кој предизвикал голем скандал кога ги открил деталите за својот однос со родителите.

Без разлика на се, денеска на годишнината се огласи на Инстаграм славниот екс фудбалер а сега сопственик на Мајами Интер, Дејвид се огласи за да ја одбележи годишнината и сподели серија фотографии.

„Заедно 29 години, во брак 27, а ти ми даде сè што некогаш би можел да посакам. Нашето најголемо достигнување засекогаш ќе биде нашето семејство. Те сакам и среќна годишнина“, напиша Дејвид покрај објавата.

Во коментарите, Викторија (52) одговори: „Среќна годишнина. Многу те сакам.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk