logo
logo
logo

Фото: Сексапилната Џенифер Лопез

Vecer | 19.12.2025

Фото: Сексапилната Џенифер Лопез

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез се појави на насловната страница на бројот „The Envelope“ на „Лос Анџелес Тајмс“, посветен на жените во филмот, оставајќи силен впечаток со своите модни избори што ја истакнуваат нејзината беспрекорна фигура.

Џеј Ло на фотосесијата носи сив краток топ и здолниште  од Алберта Ферети.

Највпечатливите детали беа вкрстените прерамки на половината, како и ракавите со монистра, кои дополнително ги истакнуваа нејзините препознатливи стомачни мускули .

Овој елегантен комплет е дизајниран од Лоренцо Серафини, новиот креативен директор на италијанската модна куќа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk