logo
logo
logo

Фото: Само дијамантите на неа вредат 15 милиони долари

Vecer | 08.02.2026

Фото: Само дијамантите на неа вредат 15 милиони долари

На отворањето на Зимските олимписки игри во 2026 година, Мараја Кери воодушеви со својот настап и скапоцените дијаманти.

На церемонијата на отворањето, што се одржа на легендарниот стадион Сан Сиро или Џузепе меаца во Милано, музичката дива Мараја Кери приреди спектакл што ќе се памети долго време.

 Таа ја остави публиката без здив не само со својот моќен вокал, туку и со исклучително гламурозно модно и стилско издание.

Мараја Кери се појави на стадионот во луксузен бел фустан од модната куќа Роберто Кавали, што дополнително ја нагласи свеченоста и ексклузивноста на настанот. Сепак, најголем интерес кај присутните и светските медиуми предизвика нејзиниот накит.

Мараја на сцената блесна со импресивна колекција накит од дури 306 карати дијаманти, чија вкупна вредност се проценува на околу 15 милиони долари.

Музичката дива носеше огрлица со привезок од 20 каратен дијамант, алка за на рака од 55 карати и наушници од 66 карати.

За време на церемонијата, Мараја Кери ја изведе легендарната италијанска песна „Volare“, како и нејзината песна „Nothing Is Impossible“, која е на нејзиниот последен албум. Комбинацијата од италијанска музичка традиција и современ поп звук предизвика силни емоции кај публиката на стадионот и кај гледачите ширум светот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk