logo
logo
logo

Фото: Роденденска забава на партнерката на Тери Анри, меѓу гостите, Роџер и Мирка Федерер...

Vecer | 11.02.2025

Фото: Роденденска забава на партнерката на Тери Анри, меѓу гостите, Роџер и Мирка Федерер...

На роденденот на убавата Андреа која потекнува од Сараево се појави и големиот пријател на екс фудбалерот на Барселона, Арсенал ,.. легендарниот тенисер Роџер Федерер со сопругата Мирка. 

Откако на социјалните мрежи се појавија фотки од роденденот, фановите почнаа да го коментираат стајлингот на Мирка Федерер. 

Со пари не се купува стил - докажа уште еднаш Мирка Федерер, сопруга на тениската легенда Роџер Федерер, која се најде во центарот на вниманието  поради нејзиниот моден избор на луксузната роденденска прослава на познатата Србинка Андреа Рајачиќ.

Додека нејзиниот славен сопруг пленеше со елеганција, Мирка ги шокираше присутните и корисниците на социјалните мрежи, кои без двоумење ја прозваа за, како што рекоа, „евтиниот фустан “ во кој изгледаше како да залутала на гламурозен настан.

Роџер и Мирка Федерер се појавија на роденденската прослава на Андреа Рајачиќ, долгогодишниот партнер на фудбалската икона Тиери Анри. Настанот собра голем број светски ѕвезди, меѓу кои и Дејвид Бекам и познатиот режисер Гај Ричи, но токму недоследноста во модните избори на Федерер го привлече вниманието на многумина.

Роџер Федерер воопшто не изгледаше загрижен поради медиумската „галама“.

Напротив, тој уживаше во друштво на спортските легенди, позирајќи со Бекам, Анри и шампионот во џудо Теди Рајнер,екс тенисерот сега тренер Љубичиќ, а подоцна му се придружи и Гај Ричи, со што ја комплетираше „ѕвездената екипа“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk