logo
logo
logo

Фото: Рита Ора во секси бикини

Vecer | 03.07.2025

Фото: Рита Ора во секси бикини

Рита Ора го привлече целото внимание со своето појавување на фестивалот Гластонбери, поточно главна тема беше нејзиниот моден избор.

Популарната пејачка, имаше неколку значајни изданија на Гластонбери, со кои се пофали и на социјалните мрежи.

Не е тајна дека нејзиниот изглед е секогаш главна тема, а бикинито е нејзиното омилено парче облека. Истото беше и овој пат.

Пејачката позираше во скапо бикини со потпис на брендот Burberry, чија вредност е околу 500 евра. Својата „комбинација за облека“ ја комплетираше со голем црн ремен и чизми.

Ова не е нејзиното единствено издание на гореспоменатиот фестивал. Рита покажа и како изгледала претходните денови. Една од комбинациите беше краток црн фустан со отворен грб, но и бел топ во комбинација со здолниште.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk