Карла Бруни, поранешна прва дама на Франција, топ модел и пејачка, се појави на овогодинешниот Кански филмски фестивал и „прошета“ во три различни фустани во текот на еден ден и покажа зошто се смета за една од најелегантните дами.
Карла во Кан беше „уловена“ од фотографите веќе наутро при напуштањето на хотелот.

Таа има интересен аутфит , пред сè, многу шарен, а тоа беше тесен, долг фустан во црна, бела и розова боја, преку кој носеше елегантен шал.
Сепак, вистинското изненадување дојде подоцна, на премиерата на филмот „Гаранција“, кога таа пристигна на црвениот тепих во впечатлива тоалета со зебра принт од модната куќа Роберто Кавали, дизајнирана од Фаусто Пуглиси.

Црно-белата тоалета со длабоко деколте и префинет преклоп под деколтето што создаде импресивен кореографски ефект зад неа додека одеше.

На крајот на денот, за престижната забава по повод доделувањето на наградите „Керинг жени во движење“, таа избра нешто сосема поинакво – сатенски златен фустан од Селин со екстремно тенки прерамки што ја истакнуваа нејзината женственост и фигура во најубаво светло.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата