Семејството на Саша Поповиќ, по комеморацијата во Сава Центар во Белград на која присуствуваше скоро целата српска естрада, пристигна на гробиштата Бежанија, каде поладнево во 14-30 часот ќе биде погребан екс директорот на Гранд.


Целата естрада се прости од големиот музичар и продуцент на Гранд.



Под набој на емоции, сите прусутни на комеморацијата на крајот од говорот на пријателите и колегите на Саша и му оддадоа последна почит на својот колега и пријател со громогласен аплауз.





Семејството на Саша - сопругата Сузана, ќерката Александра и синот на Сузана Даниел - беа особено трогнати од зборовите и спомените прикажани на видео екранот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата