Многумина коментираа дека изгледала подобро од било кога.

Познатата водителка цел живот се бореше со вишокот килограми и секогаш отворено зборуваше за тоа. Минатата година таа откри дека планира целосно да ги промени прехранбените навики и да ја врати контролата над својот животен стил, пишува магазинот „Hello“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Oprah (@oprah)

Во своето најтешко издание, таа тежеше 107 килограми, а таа е амбасадор на „Weight Watchers“, најдобро оценетата програма за слабеење во САД. Со нивна помош ослабела 20 килограми.

– Време е за ресетирање. Го чистам фрижидерот – порача таа на „Instagram“.

Опра се приклучи на „Weight Watchers“ во август 2015 година, а 15 месеци подоцна го сподели своето задоволство од успешното слабеење.