logo
logo
logo

Фото: Модната порака на Џеј Ло од Египет: Фустан со длабоко деколте, турбан, шешири ...

Vecer | 05.08.2025

Фото: Модната порака на Џеј Ло од Египет: Фустан со длабоко деколте, турбан, шешири ...

Во рамките на нејзината турнеја „Up All Night“, Џенифер Лопез настапи во Египет, а со фановите на социјалните мрежи сподели низа впечатливи модни комбинации што ги носеше за време на престојот во таа земја.

Една од фотографиите што привлече најголемо внимание ја прикажува „жешката“ латиноамериканка во елегантен фустан со длабоко деколте и турбан на главата.

Пејачката, која на 56 години привлекува внимание со својот изглед и самодоверба, позираше пред огледало во долг сив фустан со истакнати прерамки.

Длабокиот деколте дополнително беше нагласен со ѓердан со привезок, а на целиот изглед посебен шмек му даде стилизиран турбан што ја надополни модната порака.

Во серија летни фотографии што ги сподели со своите следбеници, Џенифер Лопез се појавува во разни атрактивни изданија – од класично црно бикини кое ја истакнуваше нејзината завидна фигура, до воздушест бел фустан и летна комбинација од слама идеална за на плажа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk