logo
logo
logo

Фото: Марк Ентони повторно ќе стана татко: Осмо дете со три децении помлада сопруга

Vecer | 30.01.2026

Фото: Марк Ентони повторно ќе стана татко: Осмо дете со три децении помлада сопруга

57 годипшниот Марк Ентони и неговата сопруга Надја Ферера (26) го очекуваат своето второ дете заедно, а веста ја споделија на третата годишнина од бракот.

Тие го открија ова во заедничка објава на Инстаграм, потврдувајќи дека имаат ново дете. Ова ќе биде осмо дете на Ентони, пишува People.

„Среќна трета годишнина!! Каков прекрасен подарок ни дава животот. Бог е голем. Нашиот Маркито ќе стане постар брат“, напишаа тие покрај фотографија на која се гледа трудничкото стомаче на Надја Ферера во крупен план. Ентони, Ферера и, очигледно, нивниот син Марко се држат за раце на стомаците.

Ова ќе биде осмо дете на пејачот. Тој има ќерка Аријана (31) и син Чејс (28) со поранешната девојка Деби Росадо. Со екс сопругата Дијанара Торес ги има синовите Кристијан (25) и Рајан (22), а со Џенифер Лопез ги има седумнаесетгодишните близнаци Ема и Максимилијан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk