logo
logo
logo

Анџелина Џоли во Шангај се фотографира со дизајнерот Хајдер Акерман држејќи го за рака

Vecer | 30.03.2026

Анџелина Џоли во Шангај се фотографира со дизајнерот Хајдер Акерман држејќи го за рака

Џоли ги изненади присутните на модниот настан во кинеската метропола избирајќи малку посмел изглед на шминка во споредба со нејзиниот препознатлив, минималистички стил. Американската актерка имаше светлоцрвен кармин, како централен детаљ на нејзиниот изглед, а остатокот од шминката остана суптилен и елегантен. Тоа го надополнуваше свилениот бел фустан со набори, длабоко деколте и нагласени раменици, со што, се вели, глумицата го задржа својот моден потпис.

Целиот изглед дополнително го истакна со нова фризура - со посветла, пепелаво-руса коса и патец настрана.

- Многу сум благодарна што сум тука. Сакам да имав повеќе време и со нетрпение очекувам да се вратам - изјави холивудската ѕвезда.

Џоли присуствуваше на ексклузивен настан за брендот, на кој се собраа многубројни ѕвезди од светот на модата, убавината и индустријата за забава, а кој послужи како платформа за промоција на линијата за убавина и визијата на модната куќа „Том Форд“.

Инаку, Хајдер Акерман е реномиран моден дизајнер познат по својот софистициран, уметнички инспириран пристап кон современата мода. Во текот на својата кариера тој работел за многубројни реномирани модни куќи, а особено се истакна како креативен директор на брендот „Берлути“, каде што дополнително го зајакна својот углед како иновативен дизајнер. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk