logo
logo
logo

Фото: Лепа Брена во познато друштво ужива на јахта

Vecer | 16.06.2024

Фото: Лепа Брена во познато друштво ужива на јахта

Се појавија фотографии од јахтата на Лепа Брена, еве со кого музичката ѕвезда пие шампањ. Ниту трага од сопругот Боба и децата Стефан, Виктор и Филип.

Лепа Брена е, без сомнение, голем работник, но и голем хедонист.

Мегапопуларната пејачка иако одамна можеше да се повлече од сцената и да ужива во животот, се уште одржува концерти низ светот и ужива во интеракција со публиката.

Но, кога ќе дојде летото, секогаш го намалува бројот на настапи за да ужива  во долг одмор на море.

Посебно обожува да одмара на својата јахта.

 Брена јахтата ја доживува  како и сите од семејството Живоиновиќ како втор дом, бидејќи таа им е „адреса“ во летните месеци.

Лепа Брена ја отвори годинешната летна сезона на јахта онака како што доликува - елегантно облечена и со чаша шампањ во рака.

Но, друштво не и биле децата, ниту сопругот, туку младата колешка Емина Јаховиќ.

- Моја вечна инспирација. Како жена, како мајка и како ѕвезда - напиша Емина, под заедничката фотографија со фолк дивата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk