logo
logo
logo

Фото: Холивудски заводници заедно на филмска премиера

Vecer | 25.06.2025

Фото: Холивудски заводници заедно на филмска премиера

Пред филмската премиера Бред му се приближи на Том Круз за да го поздрави, а потоа силно го прегрна пред да позираат заедно пред фотографите.

Нивната пријателска средба ги воодушеви присутните фанови и медиуми, а многумина коментираа дека токму вака изгледа едно долгогодишно пријателство.

„Вака изгледа пријателство кое трае децении“, напишаа обожавателите на социјалните мрежи.

За оваа пригода, 61 годишниот Бред Пит, со нова фризура што претходно предизвика воодушевување кај обожавателите, носеше зелено дворедно одело и впечатливи портокалови очила за сонце. Од друга страна пак една година повозрасниот Том Круз се појави во темно сиво одело и со препознатливи авијатичарски очила.

Инаку, Пит и Круз глумеа заедно во филмот „Интервју со вампирот“ во режија на Нил Џордан, кој беше објавен во 1994 година. 

Новиот филмски хит „Ф1“ е режиран од Џозеф Косински, а продуциран од Џери Бракхајмер - истиот тим што работеше на блокбастерот на Круз од 2022 година, „Топ Ган: Маверик“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by People Magazine (@people)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk