logo
logo
logo

(ФОТО) КАКОВ ШОК ЗА БРЕД ПИТ-Неговиот син сведочел суд во корист на Анџелина

Vecer | 19.03.2021

(ФОТО) КАКОВ ШОК ЗА БРЕД ПИТ-Неговиот син сведочел суд во корист на Анџелина

Славниот актер Бред Пит на последното рочоште на суд доживеа вистински шок.

Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит, 19-годишниот Медокс Џоли Пит, сведочел против неговиот татко за време на долгата битка околу старателството над децата на поранешната двојка.

„Како возрасен, Медокс веќе сведочеше во тековниот спор за старателството и не беше многу ласкав кон Бред“, дознава Us Weekly ексклузивно од извор.

„Тој не го користи презимето Пит на своите документи, туку само Џоли, што не е легално. Медокс сака легално да го смени своето презиме во Џоли, но Анџелина рече дека не го поддржува тоа“, додал изворот.

Џоли минатиот петок достави нови докази до судот во кои Пит е обвинет за семејно насилство. Во документите стои дека актерката и нивните деца Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен се подготвени да понудат докази во прилог на наводите против Пит.

Во ноември 2016 година, беше потврдено дека Бред Пит е ослободен од обвиненијата од Одделот за деца и семејство во Лос Анџелес, откако тие ја испитаа наводната злоупотреба на деца. По наводниот инцидент меѓу Пит и Медокс во семеен приватен авион, се воделе официјални разговори со Пит, Џоли и сите шест нивни деца.

„Одделот за деца и семејство од Лос Анџелес скоро веднаш го ослободи од обвиненијата за семејно злоставување. Случајот остана отворен поради големата претпазливост на Одделот, кој ја сфати работата многу сериозно. За скоро две години надгледувани посети, немало ниту еден случај поради што би заѕвонил алармот“, изјавил за Us Weekly информиран извор.

Извор близок до актерот го окарактеризира новиот поднесок на Анџелина Џоли овие денови како уште еден обид за низок удар.

„Во текот на последните четири и пол години, Анџелина тврди многу работи. Сè е разгледано, но ниту едно од овие тврдења не е потврдено. Таа веќе ги користела децата за да му наштети на Бреда, и ова повеќе е продолжение на таквото однесување. Истекувањето документи од нејзиниот четврти или петти адвокат се случи за да му наштети на Бред“, рекол изворот.

Џоли поднесе барање за развод во септември 2016 година, по две години брак. Двојката беше прогласена за легално слободна во април 2019. година, но постапката за развод сè уште трае.

Во јули 2020 година, Us Weekly објави дека Пит и Медокс сè уште не се гледаат, а изворот тогаш рекол дека врската сè уште не е воспоставена. Тој додал дека Пит не разговара ниту со Пакс.

Во октомври 2019. година, информиран извор открил дека Пит верува дека неговата раскината врска со Медокс е огромна загуба. Сепак, тоа не му се допаднало премногу на неговиот син.

Екран.мк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk