72 годишната Грасиела Алфано е аргентинска манекенка и актерка,но и покрај возраст, таа сè уште предизвикува воздишки кај многу мажи ширум светот.



Уште во 70-те години на минатиот век светот ја запозна убавата Грасиела, а сега повторно е во центарот на вниманието поради поврзаноста со легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо (44).


Атрактивна Аргентинка неодамна на Инстаграм објави провокативно видео на кое се прикажува целосно гола под туш, а видеото предизвика вистинска бура на мрежите.


Јавноста почна да шпекулира дека токму Роналдињо стои зад камерата, а Грасиела дополнително ги зголеми шпекулациите, со фотка од претходниот ден на која позира со познатиот бразилски фудбалер.

Сепак, Грасиела реши да стави точка на целата приказна и да ја открие вистинската вистина.


- Го сакам ова видео, се чувствувам одлично во моето тело. Но, кој го снимил? Па, тоа е вистинско прашање – рече таа, а потоа додаде: - Луѓето мислеа дека Роналдињо снимил видео само затоа што заедно се сликавме во лифт. Но, тоа нема никаква врска со вистината, напишала Грасиела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата