Пејачката и актерка Џенифер Лопез (56) и Брет Голдштајн (45) станаа предмет на внимание на јавноста, сето тоа поради нивната хемија на снимањето на филмот „Службена романса“.
Поп дивата и британскиот актер, како што пишува „Дејли меил“, наводно се зближиле за време на снимањето на споменатиот филм, и дека меѓу нив се развила посебна врска. „Од самиот почеток, тие одлично соработуваа, а хемијата меѓу нив беше електрична, што гледачите ќе ја видат“, рекол изворот и додал: „Беа многу блиски, постојано се смееја, а многумина се сомневаа дека има нешто повеќе меѓу нив“.
За да биде работата поинтересна, друг извор коментираше за The Sun: „За време на вечерната забава, тие не се одвојуваа еден од друг на масата додека се мешаа со остатокот од екипата. Многу се забавуваа за време на снимањето и токму тоа ѝ требаше на Џенифер по Бен Афлек. Тој ѝ врати насмевка на лицето“, изјавил изворот.
Истиот извор додаде дека наводно на снимањето можеле да се слушнат шеги за Брет како „британска верзија на Бен“. Џенифер дури и коментираше за својот колега во една емисија, поточно, во емисијата „Watch What Happens Live“.
„Ќе кажам дека штотуку снимав филм со Брет Голдштајн и бакнежот на снимањето со него беше најдобар“, заклучи таа. Двајцата сè уште не се огласиле во врска со овие шпекулации во медиумите...
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата