Мерјем има двојно државјанство и порасна во средина која ги комбинира двете култури. Студирала глума во Schauspielstudio Frese во Хамбург, каде што била најмладата студентка, запишувајќи се на 17-годишна возраст.
Мерјем има две ќерки: Лара Џемина, родена 2014 година и Лили Кои, родена 2021 година. По раѓањето на нејзината прва ќерка, таа се преселила во Берлин, каде што моментално живее.
Иако Мерјем е прилично позната, таа се труди својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста. Сепак, благодарение на социјалните мрежи сега јавноста успеа малку да ѕирне во нејзиниот семеен дом во Германија и тоа за новогодишните и Божиќни празници.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата