logo
logo
logo

Фото: Деми Мур и во седмата деценија од животот блеска на црвениот тепих

Vecer | 21.09.2024

Фото: Деми Мур и во седмата деценија од животот блеска на црвениот тепих

Ѕвездата на легендарниот „стриптиз“ на црвениот тепих го привлече вниманието на присутните со својот впечатлив фустан.

На црвениот тепих екс сопругата на Брус Вилис прошета во црвено-црн фустан во кој ја истакна својата витка линија на почетокот на седмата деценија од животот.

"Таа е дефиниција за совршенство. Таа е најубава", напиша еден фан на социјалните мрежи.

Деми ги засени многубројните колешки со фустан со интересен дезен, кој потсетува на парчиња стакло. Фустанот без ракави ја следи линијата на телото и завршува со краток воз.

Според официјалниот сајт, актерката за овој фустан од модната куќа Оскар де ла Рента потрошила околу 20.000 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk