Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез е забележана на шопинг во Брентвуд, но не била сама. Имено, Џенифер ја следел висок млад човек кој не ја испуштал од пред очи.
Станува збор за новиот телохранител на познатата поп дива. Лопез за време на шопингот изгледа безгрижно и се насмевка на лицето, во опуштената прошетка со телохранителот.
Кон крајот на 2024 година, Џенифер Лопез си даде пауза и отиде на шопинг. Ова е секако една од најлошите години за неа и на личен и на професионален план, а нема сомнеж дека и таа ги брои деновите до доаѓањето на 2025 година.
Како што е познато, Бен Афлек и Џенифер Лопез се среде развод што го поднесе пејачката.
Актерот во последно време е често во друштво на поранешната сопруга, актерката Џенифер Гарнер и нивните деца.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата