logo
logo
logo

Фото: Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

Vecer | 05.11.2025

Фото: Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

Американската актерка посети медицински установи, вклучувајќи породилиште и детска болница во градот кој беше окупиран од Русија неколку месеци во 2022 година, пренесоа локалните медиуми.

Локалниот функционер, Виталиј Богданов, објави на Фејсбук фотографија од Џоли во панцир со украински ознаки.

Ниту актерката, ниту украинската влада не ја коментираа посетата.

Холивудската ѕвезда, која беше специјален пратеник на ОН за бегалци од 2012 до 2022 година, веќе ја посети Украина неколку месеци по почетокот на руската инвазија и се сретна со раселени лица во Лавов, на западот на земјата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk