Почна да застудува, а за препораките за штедење струја слушаме секојдневно - некои се во паника што да се прави и веќе се бараат алтернативи за топлење, а во истовреме и за штедење. Фолкерот од соседството, по име Раде Јоровиќ „решение“ имал во ракав уште во 1985 година кога и објавил многу интересна песна со наслов „Дојди душо, да заштедиме струја“.
Во многу емотивниот рефрен овој музички херој го има епохалното решение - најдобро е тој и неговата сакана заедно да заштедат струја - ем штедење ем уживање и сето тоа обвиткано со превезот на мистеријата затоа што тоа ѝ го предложил со шепот (другите да не слушнат).
Кога добро ќе се размисли предлогот на Јоровиќ и не е така лош, сега некој може ќе се кае, некој не, ама сигурно ќе се заштеди и нема да ви е ладно.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата