Фан на раперот Дрејк паднал од балкон среде настап, концертот бил прекинат (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи снимка од падот од концертот одржан во недела на 22 јануари, на која се гледа како на еден маж прво му паѓа мобилниот, а потоа слета на глава.
Инцидентот се случил по 90. минута од концертот, кога на Дрејк на сцената му се придружиле 21 Savage. Поради несреќата, концертот накратко бил прекинат, а откако еден од членовите на тимот му кажал на Дрејк што се случило, тој ѝ се обратил на публиката.
„Мораме само да се увериме дека човекот е добро“, рекол Дрејк, а потоа светлата се запалија и дојде до мешаница за да му се помогне на повредениот фан. Паузата траела 15 минути, а неверојатно е што човекот, како и оние врз кои паднал, не се повредени и концертот продолжил нормално.
DRAKE FAN FALLS FROM BALCONY IN NYC pic.twitter.com/bFuy0r9YEj
— Cornbread Mafia! Soul American 🇺🇸🖕🏾 (@AllSoul1865) January 23, 2023