logo
logo
logo

ТЕА ТАИРИВИЌ СЕ САМОКРУНИСАЛА, на естрадата од изненадување до навредени суети

Vecer | 02.09.2025

ТЕА ТАИРИВИЌ СЕ САМОКРУНИСАЛА, на естрадата од изненадување до навредени суети

Српскиот моден магазин Базар објави фотографија од пејачката Теа Таировиќ на насловната страница, на која може да се види како става круна на својата глава, што предизвика доста возбуда во естрадната јавност.

Теа Таировиќ се смета за една од  најпопуларни пејачки од помладата генерација во регионот, а концертите и настапите кои се преполни зборуваат за тоа.

Интересно е што во овој уреднички текст младата жена од Нови Сад се крунисува себеси, а патем на ансловната страна стоеше насловот „Поглед од тронот на музичката сцена“, што ги изненади сите па и налути многумина на естрадата, благо речено.

Од една страна, голем број луѓе на мрежите ја фалат Теа за нејзиниот изглед и веруваат дека заслужува да биде на музичкиот трон, додека од друга страна има и такви кои се прашуваат дали пејачката индиректно ја пониѓила поп-културата со овој потег и си дала значење кое се уште не го заслужила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk