logo
logo
logo

„Вкуси го југот“ во Гевгелија

Исклучиво македонски изведувачи – “Меморија“ главни ѕвезди

Vecer | 11.09.2025

Исклучиво македонски изведувачи – “Меморија“ главни ѕвезди

Од 12 до 14 септември Гевгелија ќе биде домаќин на третото издание на фестивалот „Вкуси го југот“ (Taste the south). Традиционална културно-забавна манифестација за промоција на Гевгелија, која не е само обичен тридневен музички хепенинг, туку преставува своевидна фузија на традицијата, културата и забавата и тоа во повеќе сегменти. Под покровителство на општина Гевгелија и годинава најјужниот град во Македонија на локација кај новиот пазар три дена ќе пулсира и живее во духот на она што југот го има како традиција во гастрономската понуда, на подготовка на домашни специјалитети подготвени по традиционални рецепти.

Како што беше истакнато и на вчерашната прес-конференција одржана во општинската зграда на која говореа градоначалникот на Гевгелија, Андон Сармандов, првиот човек на продукцијата која е коорганизтор – Пане Темов и официјалниот ПР на годинешната маниестација, Антонио Димитриевски, во нејзините содржини е предвидена и богата културно-уметничка и едукативна програма која ќе ја збогатат културно-уметнички друштва и фолк ансамбли и солисти, тука се школата за тапани, школата за гитара, школата за танци, детскиот фестивал “Калинка“ и уште многу други, разновидни содржини за сите вкусови и возрасти. Вечерните настапи и концерти на мноштвото млади, локални изведувачи и секако внимателно направен избор исклучиво од најпознатите македонски етно, поп и рок пејачки ѕвезди и бендови се најатрактивниот дел од програмата, во кои ќе кулминира забавата за сите генерации.

Така распоредени во три вечери, 12, 13 и 14 септември, меѓу останатите свои настап ќе имаат „Љубојна“, Дани Димитровска, Огнен Здравковски, Андријана Јаневска, Антониа Гиговска, Јанг Дади… а ѕвезди не само на третата вечер, туку и убедливо најголемо име на целата фестивалска манифестацијае легендарната македонска група „Меморија“ која ќе го затвори фестивалот со свој целовечерен концерт во недела, на 14. септември со своите познати хитови: „Нена“, „Одам за секогаш“, „Снежо, Снежана“„Дирлада“ … како и безвременските балади „Оган под ѕвездите“, „Зошто Боже“, „Нашите слики“ или последната „За тебе“. Ова е распоредот на комплетната програма по денови: Се’ на се’, во три дена во Гевелија ќе има што да се види, слушне и вкуси… Ќе биде градот во кој спојот на традицијата, културата и забавата ќе доминираат на југот на Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk