logo
logo
logo

Кање Вест и Бјанка после сите скандали - ЗАВРШИЈА ВО МЕНТАЛНА ИНСТИТУЦИЈА

Vecer | 20.06.2025

Кање Вест и Бјанка после сите скандали - ЗАВРШИЈА ВО МЕНТАЛНА ИНСТИТУЦИЈА

Контроверзниот пар Кање Вест и Бјанка Ценсори не престануваат да предизвикуваат скандали и да привлекуваат внимание од јавноста.

Овој пат, Кање Вест и Бјанка ја кренаа „играта“ на ново ниво. Имено, во странските медиуми се појави веста дека контроверзниот пар наводно се сместил во луксузната ментална институција „The Balance Rehab“ во Мајорка, Шпанија.

Според порталот „Radar Online“, парот аплицирал во клиниката на 17 јуни, а за еднонеделен престој треба да платат 170.000 долари.

„Нашите луксузни установи за ментално здравје и третман на зависност се дизајнирани како безбедно засолниште каде што можете да најдете закрепнување, мир, одмор и среќа. Нашиот квалификуван тим од лекари, психијатри и холистички терапевти е тука за да ви обезбеди уникатно и исклучително искуство. Нашите луксузни центри за рехабилитација ви нудат повеќе од само третман - ние ве поддржуваме на вашиот пат кон повторно откривање на сопствената душа и достигнување на вашата најдобра верзија од себе“, се наведува на веб-страницата на клиниката.

Причината за престојот на двојката во клиниката може да биде поврзана со тужбата за незаконско отпуштање поднесена против Кање од страна на поранешниот вработен Бенџамин Прово.

Според „РадарОнлајн“, судските документи потврдуваат дека Вест бил во клиниката во последните неколку дена, што фрла светлина врз неговото повлекување од јавноста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk