Секогаш велиме дека годините се само бројка и навистина стоиме зад тоа, а дека оваа фраза не е само клише, најдобро докажува славната Шер, за која тоа е апсолутна вистина. Една од најголемите пејачки на сите времиња за неколку месеци ќе го прослави јубилејниот 80. роденден, а сигурно не би ѝ дале ни полни 70!
Во друштво на својот 40 години помлад партнер, Александер Едвардс, беше фотографирана во Њујорк, при пристигнувањето на забава по емитувањето на емисијата „Saturday Night Live“, во која гостуваше. Освен по младоликиот изглед, таа привлече големо внимание и поради враќањето на русата коса, по која ја паметиме и како што ја гледавме и во изминатите месеци.
Свечениот стајлинг во нејзин случај вклучуваше светкав топ и светкави црни широки панталони, искомбинирани со рамни црни чевли, а одозгора носеше црно сако. Изгледот го надополни со впечатлив накит и младешка фризура, а од партнерот не се одвојуваше.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата