Кристијано Роналдо се сврши со својата долгогодишна партнерка Џорџина и се чини дека целиот свет го чекаше тој чекор на познатиот фудбалер, иако нивната љубов досега не паднала на ниту еден тест.
Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо изгледа дека конечно ќе ја официјализира својата долгогодишна врска со убавата Џорџина Родригез.
Веста дека се свршил со неа ја чекаа многумина, а веројатно најмногу Џорџина. Таа веднаш се пофали со сè на социјалните мрежи, а погледот на нејзиниот веренички прстен може да ве „заслепи“, со оглед на тоа дека станува збор за дијамант вреден помеѓу два и пет милиони долари.
Благодарение на неговата популарност, тие станаа еден од омилените парови на денешницата, а во текот на нивната деветгодишна љубовна приказна, поминаа и низ неколку тешки моменти.

Љубовната приказна на Роналдo и Џорџина
Сè започна во далечната 2016 година, во продавницата на Гучи во Мадрид каде што работеше Џорџина, дури и не знаејќи кого ќе запознае и дека таа средба ќе ѝ го промени животот целосно.
Роналдо дојде во продавницата, а Џорџина веќе тогаш знаеше дека ќе се заљуби во него.
Фудбалерот дури призна дека на почетокот не очекувал ништо сериозно од нивната врска, но набргу откако се заљубил се предомислил и сфатил дека таа е жената на неговиот живот.
„Се сеќавам еднаш дојде да ме земе со Бугати. Колегите полудеа. Пристигнав со автобус, а си заминав со Бугати. Луѓето не можеа да поверуваат“, рече Џорџина во нејзиниот документарец „Јас сум Џорџина“.

Пред врската со него, Џорџина не беше позната на јавноста.
Тие се појавија заедно за прв пат во 2017 година на доделувањето на наградите на ФИФА, а потоа следеа бројни заеднички објави на социјалните мрежи.
Тие имаат пет деца заедно, од кои две се нивни биолошки деца, додека три се добиени со помош на сурогат мајки.
Дека сè никогаш не може да биде идилично и совршено, двајцата почувствуваа во 2022 година. Среќната двојка објави дека ќе добијат близнаци, меѓутоа, за време на самото раѓање, доживеаа трагедија и најголема среќа во исто време.

Џорџина роди син и ќерка, но преживеа само девојчето, кое го крстија Бела Есмералда. Двајцата подоцна го опишаа како најболниот момент во нивниот живот.
Нивната врска е под многу критики, тие се опкружени со луксуз што често „боде очи“, а Џорџина се обидува да ги задоволи сите барања на јавноста, а понекогаш прави и грешки.
Многу често е мета на негативни коментари поради предизвикувачки стајлинзи, како и пропуштени, како на овогодинешната Мет Гала каде што сите мислат дека не одговорила на доделената модна задача.
И покрај сè, Роналдо и Џорџина се полни со љубов и поддршка еден кон друг, а по овој чекор, сите чекаат венчални ѕвона, но и вистински спектакл што само тие двајца можат да го создадат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата