Победничката на музичкото натпреварување „Ѕвезде Гранда“, Џејла Рамовиќ, веќе неколку години успешно чекори по естрадната патека
Досега има постигнато многу успеси со нови песни, а многумина предвидуваат дека ќе постигне одлични резултати во наредните години.
Таа неодамна во разговор се осврна на сите актуелни случувања во емисијата, а особено имаше пофални зборови за колешката Александра Пријовиќ.

- Тоа што го прави Александра ми е при срце. Таа едноставно има толку многу песни, кои се навистина сите хитови и има навистина силен тим. Навистина ја сакам приватно и таа го знае тоа, а новиот албум е фантазија - изјави неодамна младата пејачка.
Да потсетиме, Џаила неодамна отворено проговори за најтешкиот период во кариерата, а откри дека токму тогаш решила да се запише на на факултет.
- Сфатив дека морам да се образувам за да направам било што. Се разбира, човекот има различни вештини и можеме да се снаоѓаме на различни начини. Луѓе сме, паметни сме и можеме да се снајдеме, но јас сакав никогаш во животот да останам на првата опција. Сакав да имам втора и трета опција и да можам да бирам – заклучила таа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата