BRASS Brothers ја претставија својата нова песна „Winner“, музиката е дело на фронтменот на Brass Brothers, Горан Мицевски Кус, додека аранжманот на песната е заедничко дело на Ненад Тодоровски – Todd Haze, Ристе Шандаров и Горан Мицевски Кус.
„Winner“ е достапна за слободно преслушување на сите дигитални платформи и може да се купи во сите дигитални музички продавници.
Brass Brothers со „Inseparable“ и „Winner“, слој по слој ни ја откриваат приказната зад нивниот прв авторски албум Balkan Mayhem кој ќе донесе нов и необичен звук на македонската музичка сцена, а и пошироко. Тие се првиот музички бенд кој DnB звукот го збогатуваат и комбинираат со Brass секција.
Balkan Mayhem е енергичен, моќен, оригинален и креативен албум, полн со живот. Како и самиот бенд и албумот е со уникатен звук и апсолутно позитивна енергија и порака.
Brass Brothers се формирани пред 8 години и во него членуваат Горан Мицевски Кус (тромбон), Костадин Бетоски (саксофон), Пере Мелов (труба), Николче Михајловски (Dj) и Ник де Карло (туба). Brass Brothers функционираат како кавер бенд препознатлив по динамичните живи настапи и зад себе ги имаат авторските нумери Време Невреме на македонски јазик и Inseparable на англиски јазик.
View this post on Instagram
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=vdgiI-DgnRc[/embed]