Ева Лонгрија сака да глуми во новата верзија на „Очајни домаќинки“

Актерката изјави дека Габриел ќе биде интернет личност во денешно време. „Таа дефинитивно би била инфлуенсерка“, изјави Лонгорија. „Таа би била како магнат на социјалните мрежи.“
Водена од носталгија, Лонгорија рече дека ќе биде „првата што ќе се пријави за рестартирање“, додавајќи дека навистина ѝ недостига да ја игра Габриел Солис.
И покрај нејзиниот ентузијазам, таа откри дека креаторот на серијата Марк Чери не бил заинтересиран повторно да работи на неа. „Разговарав со него неколку пати. Тој се прашуваше зошто би работел на тоа токму сега. Не го интересира рестартирање. Ми рече: „Што друго да кажеме за овие ликови што веќе не е кажано?“
Актерката, исто така, истакна дека темите кои биле револуционерни во тоа време, како што се дискриминацијата по возраст и начинот на прикажување на домаќинките, со текот на времето се нормализирале. „Пред 20 години зборувавме за возрасна дискриминација на домаќинки и тогаш беше шокантно. Многу работи што ги кажавме и правевме беа револуционерни, но денес не е така. Сега тоа е норма“.
Лонгорија моментално го промовира својот биографски филм Flamin’ Hot, кој што го режираше. Филмот ја следи приказната за чуварот Ричард Монтањез, кој тврди дека ги измислил Flamin’ Hot Cheetos. Филмот ќе биде достапен од 9 јуни на стриминг платформата Disney+.