logo
logo
logo

Ерик Дејн боледува од неизлечива болест

Vecer | 11.04.2025

Ерик Дејн боледува од неизлечива болест

Станува збор за невролошко заболување на мускулите и засега нема познат лек за таа болест.

- Дијагностициран ми е АЛС. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го почнуваме ова ново поглавје во животот. Љубезно Ве молам да ми дозволите мене и на моето семејство малку приватност, изјави глумецот за „Пипл“ (People).

Дејн (52), исто така, потврди дека следната недела ќе почне со снимање на третата сезона на „Еуфорија“, во продукција на „Ејч-би-о“ (HBO), каде што го глуми ликот Кал Џејкобс.

Дејн е в брак Ребека Гејхарт, со која се венчаа во 2004 година. Гејхарт поднесе барање за развод во февруари 2018 година, но неодамна открија дека одлучиле да се откажат од разводот. Заедно имаат две ќерки: Били (15) и Џорџија (13).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk