logo
logo
logo

„Емилија Перез“ со 13 номинации за „Оскарите“

Vecer | 24.01.2025

„Емилија Перез“ со 13 номинации за „Оскарите“

Остварувањето е номинирано за најдобар филм, режија, адаптирано сценарио, категориите за глума, музика, како и за најдобар интернационален филм.

За главната награда, криминалистичкиот филм којшто е во француско-белгиско-американско-мексиканска продукција, ќе се натпреварува со: „Бруталист“, „Целосно непознат“ (A Complete Unknown), „Конклава“, „Дина: Втор дел“ (Dune: Part Two), „Анора“, „Сè уште сум тука“ (I'm Still Here), „Момчињата од Никел“, „Супстанција“ и „Злобница“ (Wicked).

Во категоријата Најдобар режисер, номинирани се: Жак Одијар за „Емилија Перез“, Шон Бејкер за „Анора“, Брејди Корбет („Бруталист“), Џејмс Манголд („Целосно непознат“) и Корали Фаржа („Супстанција“). 

За статуетката за Најдобра машка главна улога, ќе се натпреваруваат: Тимоти Шаламе како Боб Дилан во „Целосно непознат“, Адријен Броди („Бруталист“), Колман Доминго („Запејте“), Рејф Фајнс (за „Конклава“, како кардиналот Томас Лоренс) и Себастијан Стен за „Приправник“ како Доналд Трамп.

Во женската категорија, се најдоа имињата на Карла Софија Гаскоњ како „Емилија Перез“ во истоимениот филм, Синтија Ериво („Злобница“), Мајки Медисон („Анора“), Фернанда Торес („Сè уште сум тука“) и Деми Мур („Супстанција“).

Во категориите за споредни улоги, номинирани се: Моника Барбаро, Аријана Гранде, Фелисити Џонс, Изабела Роселини, Зои Салдана, Јура Борисов, Кијеран Калкин, Едвард Нортон, Гај Пирс и Џереми Стронг.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk