logo
logo
logo

Елтон Џон сака да ја искорени СИДАТА до 2030 година: Спремен да ИСКЕШИРА 125 мил. долари

Vecer | 06.06.2023

Елтон Џон сака да ја искорени СИДАТА до 2030 година: Спремен да ИСКЕШИРА 125 мил. долари

Британскиот пејач Елтон Џон изјавил дека е можно и изводливо да се искорени сидата до 2030 година, а неговата добротворна организација покренала нова иницијатива. Фондацијата за СИДА на Елтон Џон денеска започнала тригодишен фонд од 125 милиони долари за борба против зголемената стапка на ХИВ инфекција во ранливите заедници.

Зборувајќи за Добро утро Америка, Џон рекол: „Имаме уште работа, но затоа го започнувам ова, ние навистина сакаме да ставиме крај на СИДА-та до 2030 година, мислиме дека тоа е можно и изводливо, така што само сакаме да продолжиме.“

Фондот ќе поддржи пристап до превенција и третман на ХИВ за повеќе од еден милион луѓе, вклучително и овозможување пристап до тестирање, антиретровирусни терапии и профилакса пред изложување на ХИВ (PrEP). Џон го лансираше и „Let Your Inner Elton Out“, кој ги охрабрува луѓето да ја подигнат свеста за СИДА и ХИВ на социјалните мрежи со спомнување на 76-годишната мегаѕвезда.

„Пораката е, ајде, „Let Your Inner Elton Out“, ајде да собереме пари, ајде да го завршиме ова“, рекол тој. „Ќе предизвикам некои од моите пријатели... Ќе ги предизвикам Михаела Џ. Родригез, Нил Патрик Харис и Џо Џо Сива за да видам што ќе смислат“, рекол.

 

Elton Džon

Светски познатиот кантавтор зборувал и за неговата турнеја Farewell Yellow Brick Road: „Ќе биде емотивно, но не размислувам за тоа. Само сум концентриран на тоа да го направам следниот најдобар настап што можам.“

Завршниот концерт треба да се одржи во Стокхолм, Шведска, следниот месец. Тој додал: „Моите синови ќе бидат на последниот концерт. Тоа ќе биде одлична прилика и којзнае какво биде чувството.“ Тој претходно потврди дека ова дефинитивно ќе биде неговата последна турнеја, истакнувајќи дека само на оваа турнеја ќе одржи речиси 350 концерти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk