logo
logo
logo

Елегантно фустанче, насмевка и трудничко стомаче! Парис ќе стане мајка во петтата деценија

Vecer | 27.07.2021

Елегантно фустанче, насмевка и трудничко стомаче! Парис ќе стане мајка во петтата деценија

Наследничката, актерка, пејачка или едноставно кажано мултимедијална личност - Парис Хилтон ја израдувала публиката ширум светот со веста дека е во благословена состојба.

После деценија со љубовни бродоломи, разочарувања и погрешни мажи, ужива со вереникот Картер Реум, со кого за неколку месеци ќе го добие првото дете, пренесуваат светските медиуми, иако и понатаму таа се уште не се огласила по овој повод.

На фотографијата снимена во еден ресторан во Санта Моника, суптилно се наѕира трудничкото стомаче, кое сите го забележале, иако Парис на себе носела црно, елегантно фустанче.

Инаку, во едно неодамнешно интервју Парис открила дека при посета на една клиника за вонтелесно оплодување сочувала јајце-клетки за да може да се оствари како мајка барем два пати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk