logo
logo
logo

Ексклузивна премиера: Невена Божовиќ го објавува спотот за песната „Љуби“

Vecer | 25.05.2021

Ексклузивна премиера: Невена Божовиќ го објавува спотот за песната „Љуби“

Веќе два месеци синглот „Љуби“ на Невена Божовиќ – Ивановиќ е хит на радиостаниците во регионот, а една од најталентираните пејачки за утре ја најави и премиерата на спотот за оваа балада. Регионалната премиера на спотот во пет земји е закажана точно напладне, а видеото во Македонија ексклузивно ќе биде објавено на нашиот портал.

Тројната претставничка на Србија на Евровизија (во 2007 на детскиот избор во Холандија, во 2013 во Малме како членка на „Моје три“ и во 2019 во Тел Авив), синглот „Љуби“ го издава за музичката куќа Skymusic Entertainment Group. Текстот за баладата е на Теодора Куниќ, а музиката е заедничко дело на Теодора и Миленко Шкариќ.

- Песната е модерна балада, но во себе има нешто ретро и мене тоа веднаш многу ми се допадна. Ова е нова музичка фаза и со нумерата „Љуби“ сакав да најавам поинаков звук и едвај чекам да видам какви ќе бидат реакциите на публиката, вели Невена.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=rXN_U8zHRps[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk