logo
logo
logo

Новите фотографии на Викторија Бекам отворија дебата

Vecer | 14.03.2026

Новите фотографии на Викторија Бекам отворија дебата

Викторија Бекам повторно е во центарот на вниманието поради својот изглед. Модната дизајнерка и поранешна членка на групата Спајс грлс беше фотографирана при пристигнување во својата канцеларија во Сохо, а новите фотографии предизвикаа дискусија на социјалните мрежи, бидејќи многумина сметаат дека 51-годишната ѕвезда изгледа послабо од кога било претходно.

Позната по својот софистициран моден стил, Викторија и овојпат избра елегантна комбинација за работниот ден. Таа носеше здолниште со висок шлиц, кое дополнително ја истакна нејзината многу витка фигура и ги откри нозете, што брзо поттикна бројни коментари на социјалните мрежи.

Загрижени обожаватели

Нејзиното последно појавување предизвика многу реакции, а дел од обожавателите изразија загриженост поради нејзината слабост. „Што ѝ се случило со нозете?“, „Изгледа премногу слабо“, „Послаба е од порано“, беа дел од коментарите на платформата X.

„Погледнете како ѝ изгледа ногата. Не знам дали станува збор за Ozempic или нешто друго, но ова не изгледа добро ниту здраво“, напиша една корисничка, со што се согласија и други. „Што се однесува до стилот, секогаш е беспрекорна, но ова не изгледа нормално“, додаде друг корисник.

Проговори за нарушувањата во исхраната

Фотографиите се појавија кратко откако Викторија се врати од Париз, каде за време на Модната недела ја претстави својата нова колекција и повторно доби пофалби од модната индустрија.

Бекам претходно отворено зборуваше за проблемите со нарушувањата во исхраната со кои се борела во младоста, истакнувајќи дека со текот на времето развила поздрав однос кон храната, вежбањето и начинот на живот. За оваа тема зборуваше и во документарната серија Victoria Beckham, која минатата година беше објавена на платформата Нетфликс.

Присетувајќи се на постојаното коментирање на нејзиното тело, вклучително и јавното мерење на тежината само шест месеци по породувањето, Викторија изјави:

„Денес се смееме и се шегуваме со тоа кога сме на телевизија, но јас бев навистина, навистина млада – и тоа боли.“

Таа додаде дека поради постојаните коментари почнала да се сомнева во себе. „Навистина почнав да се сомневам во себе и да не си се допаѓам. Не знаев што гледам кога ќе се погледнам во огледало – го губите чувството за реалност. Бев сè – од Порки Пош до Скини Пош “, рече таа.

Бидејќи не можела да контролира што се пишува за неа во медиумите, се обидувала да ја контролира својата тежина на, како што призна, „неверојатно нездрав начин“. „Кога имате нарушување во исхраната, станувате многу добри во лажење. Никогаш не бев искрена за тоа со моите родители. Многу ве погодува кога постојано ви кажуваат дека не сте доволно добри“, заклучи таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk